Copyright © 2015 Општинско основно училиште „Видое Подгорец“ Струмица

            Општествено-економските и политичките промени во државата и пошироко во светот наметнаа новини, нови содржини, нови уверувања, нови однесувања, нови проблеми и предизвици. Сите овие промени пропратени со процесот на денцентрализацијата во образованието што од своја страна наметнува промени и на неколку нивоа и во повеќе сегменти на образовниот систем. Основната цел на овој процес е да се обезбеди подобрување на квалитетот на образовните услуги и контрола на образовниот процес и резултатите од него. Квалиетното и добро образование им обезбедува на децата поголеми шанси за успех во животот, шанси за задоволителна и добро платена работа, шанси за развој на урамнотежен живот. Образованието може да направи промени кои ќе придонесат за поголема правда, повеќе мир и среќа меѓу луѓето. Една од најважните и најраширените идеологии развиетни во европските цивилизации е вербата во вредноста на образованието.

ООУ „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ СТРУМИЦА

Завршна сметка 2020 год.